Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Српскиот репрезентативец Сергеј Милинковиќ-Савиќ сака ова лето да замине од Лацио и да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија.
За неговите услуги е заинтересиран Ал Хилал, кој му нуди плата од 100 милиони евра за три години, а Лацио ќе добие 42 милиони евра за трансферот.
Претседателот на клубот, Клаудио Лотито кажа дека разговарал со Милинковиќ-Савиќ и тој му кажал дека сака да замине.
„Ако некој сака да оди во Саудиска Арабија, главната и единствена причина се парите и тоа на сите им е јасно. Што да правиме ако некој толку многу сака да го напушти клубот? Јас имам добри односи со него и на крајот тој е тој што одлучува. Ми се јави на телефон и ме молеше да го пуштам и да ја прифатам таа понуда. Ќе земе огромна сума пари и затоа оди таму“, кажа Лотито.