Љубовницата на Марадона ја отвори душата: Ме тераше да зголемувам гради, земав кокаин…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Мавис Алварез со нејзината исповед за времето минато со Диего Армандо Марадона привлече големо внимание на светската јавност.

Алварез гостуваше во „Америка ТВ“ и зборуваше за некои работи за кои молчела веќе 20 години, а кои се однесуваат на времето минато со поранешниот фудбалер.

„Жал ми е за себе кога знам дека на 16 години учествував во такви работи. Но, тоа е уште едно искуство во животот. Кокаин почнав да користам на 16 години, иако Марадона прво ми забрануваше, а потоа почна да инсистира на тоа. Меѓутоа, јас дрогата ја оставив и пред да се разделам со Марадона. Исто така, тој ме тераше да ги зголемам и градите во болница во Буенос Аирес“, вели Алварез.