Луд меч со седум гола во Манчестер: Реал Мадрид загуби, но е во добра позиција за финале (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер сити победи со 4-3 во првиот меч од полуфиналето во Лигата на шампиони (ЛШ), иако можеше резултатот да биде поубедлив против Реал Мадрид.

Де Брајне и Жесус погодија за 11 минути и му донесоа водство од 2-0 на Сити, но до крајот на првото полувреме Бензема ја врати неизвесноста и намали на 1-2.

Фоден во вториот дел погоди за 3-1, но потоа Винисус Жуниор стрелаше за 2-3. Во 74. минута Силва испрати проектил, кој буквално не го виде Куртоа, а Бензема во 82. минута од пенал намали на 3-4 и остана во игра за финале.