Луда најава од Лондон: Постекоглу ги руши сите рекорди за најголемата ѕвезда во Серија А


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Анге Постекоглу покажа дека станува збор за одличен тренер на почетокот на својата вантура во Тотнем и најави дека може да се бори за титулата во Премиерлигата.

Тотнем оваа сезона изгледа како нов тим подготвен за најголемите предизвици, но јасно е дека на тимот му треба нов напаѓач.

Англиските медиуми најавуваат дека Постекоглу ќе има состанок со газдата на клубот и планира да ја земе најголемата ѕвезда во Серија А.

Станува збор за напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен кој е желба и на Челси и Манчестер јунајтед, но медиумите пишуваат дека белата страна на Лондон е најпривлечна опција за Нигериецот.

Нигериецот ќе чини над 120 милиони евра и тоа би бил нов рекорд во Премиерлигата, а Тотнем нема да жали средства за ангажман на наследник на Хари Кејн.