Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кошаркарите на Вашингтон визардс и навивачите на тимот останаа зачудени откако судиите не го казнија помошникот на Стив Неш, Дејвид Вантерпул кој со рака прекина акција на противникот.
На крајот на натпреварот Бруклин славеше со еден поен разлика (119-118), а се поставува прашањето дали ќе беше таков исходот на натпреварот доколку Вантерпул не ја прекинеше акцијата на Вашингтон.
Вантерпул неспортски прекина акција и ја спречи топката да стигне до Кузма, кој не можеше да верува како се развива контра-напад на ривалот, додека судиите останаа „слепи“ и не го казнија потегот на помошникот на Бруклин.
НБА-лигата реагираше еден ден подоцна и го казни Вантерпул со 10.000 долари, додека Бруклин ќе плати казна од 25.000 долари.
The Nets coach deflected this pass from Spencer Dinwiddie to Kyle Kuzma. It resulted in a turnover.
— ClutchPoints (@ClutchPointsApp) January 20, 2022
Refs completely missed it and Wizards lost by 1…😬pic.twitter.com/jUz8ONvRMw