„Лудакот“ Биелса се враќа во Премиерлигата!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Аргентинскиот тренер Марсело Биелса кој го тренираше Езгјан Алиоски во Лидс се наоѓа на листата со желби на раководството на Бормут.

Пред неколку дена спортскиот оддел на Бормут одржал состанок со новиот газда на клубот и едно од лицата за кои се разговарале е Марсело Биелса.

Тренерот се наоѓа на листата со потенцијални кандидати за нов стратег на екипата, но за разлика од останатите, веќе се почнати преговори за враќање на „Лудакот“ во Премиерлигата.

Бормут на 31 август го отпушти Скот Паркер и од тогаш на клупата е Гери О’Нил кој го разбуди тимот за кратко, но потоа почнаа лошите резултати и сега се бара трајно решение.