Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓
Аргентина, актуелниот светски шампион, во петок од 17 часот ќе одигра пријателски натпревар против репрезентацијата на Ангола.
Натпреварот во главниот град Луанда ќе се игра по повод одбележување на 50 години независност на Ангола, која до 1975 година беше колонија на Португалија.
Дочекот на аргентинскиот тим на африканското тло предизвика големо внимание, а во центарот на вниманието очекувано беше Лионел Меси, еден од најдобрите играчи во историјата.
Илјадници жители на Луанда пристигнаа пред аеродромот, каде што сакаа да го поздрават Меси и тимот. Снимките покажуваат воодушевени луѓе додека минува автобусот со фудбалерите на Аргентина, кои скандираат:
„Меси, Меси, Меси“.
.This is what Lionel Messi generates.
— All About Argentina 🛎🇦🇷 (@AlbicelesteTalk) November 14, 2025
Crazy scenes in Angola 🇦🇴 pic.twitter.com/n95hDAsmiu
















