Лудница во Аргентина: Покажани десет црвени картони во Суперкупот (Видео)

Финалето од Суперкупот на Аргентина не се доигра затоа што беа покажани дури 10 црвени картони, откако регуларниот дел од средбата меѓу Бока Јуниорс и Расинг заврши 1-1.

Продолжението беше навистина ужасно затоа што почна со по еден црвен картон на двете страни, а потоа следеше второ исклучување за Бока.

Расинг постигна втор гол на мечот (2-1), по што следеше хаос на теренот и беа покажани дури седум црвени картони.

Бока остана со шест фудбалери во терен, по што судијата мораше да досуди крај пред време.