Лудница во Манчестер: Сите сакаат да го гледаат Роналдо, билетите чинат и до 2.000 фунти!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Олд Трафорд“ ќе биде главна сцена во денешното коло од Премиерлигата, каде што Кристијано Роналдо по вторпат ќе дебитира за Манчестер јунајтед, каде што се врати по 12 години.

„Ѓаволите“ од 16 часот го пречекуваат Њукасл, а тренерот Оле Гунар Солскјер на прес-конференцијата потврди дека Португалецот ќе игра на дуелот.

„Роналдо имаше добар подготвителен период со Јувентус, играше за репрезентацијата, а добар беше и тука“, кажа Норвежанецот.

Билетите за овој меч одамна се распродадени, сите сакаат да бидат дел од историјата, а англиските медиуми пишуваат дека на црниот маркет цените се над 2.000 фунти. Има и други продавници каде што билетите се продаваат од 299 до 722 фунти.

Сепак, „ѓаволите“ апелираа до нивните навивачи да си купат билети само од официјална страна.