Луѓето што ја споделија фотографијата од телото на Емилијано Сала се соочуваат со пресуда: „Страшно злобни луѓе“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Директорката на една приватна компанија задолжена за видеонадзор, Шери Бреј и нејзиниот вработен, Кристофер Ашфорд ќе бидат правно гонети откако илегално пуштиле снимки од телото на аргентинскиот напаѓач Емилијано Сала.

На вознемирувачките фотографии се гледа мртвото тело на Сала како лежи во мртовечницата без глава и со отворен граден кош, а ваквите фотографии ја згрозија јавноста.

По објавувањето на фотографиите и Бреј и Ашфорд беа приведени, а сега се соочуваат и со пресуда за оваа случка.

Со свој коментар околуцелиот настан се јави и сестрата на трагично загинатиот фудбалер, Ромина Сала.

„Не ми се верува дека постојат толку злобни луѓе. Се обидов да ги тргнам тие фотографии од друштвените мрежи. Не сакав тие морничави фотографии да дојдат до мојата мајка. Тажно е што некои луѓе се забавувале со тоа. Тие слики никогаш нема да ги избришам од глава. Тешко е да се живее со таа слика“ –истакна Ромина во судницата во Свиндон.