Луис Енрике повеќе не е селектор на репрезентацијата на Шпанија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


49 годишниот стратег, Луис Енрике повеќе не е селектор на репрезентацијата на Шпанија откако си поднесе оставка поради приватни проблеми.

Енрике ги пропушти последните средби на Шпанија во рамките од квалификациите за Европското првенство, а на овој чекор се реши затоа што не сакал да ја остава „фуријата“ на цедило.

Негов заменик ќе биде досегашниот помошник Роберто Морено кој беше покрај него во сите клубови кои Енрике ги водеше. Ова ќе му биде прва голема самостојна тренерска задача, па пред него сигурно е голем предизвик.