Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Манчестер Јунајтед ова лето ќе се насочи кон трансфер пазарот за да го засили својот играчки состав, а Рубен Аморим и неговиот стручниот штаб пронашле напаѓач во Шпанија.
Црвените ѓаволи зад себе имаат една од најлошите сезони во долгогодишната историја на клубот, сезона која сите во клубот ќе се обидат што побрзо да ја заборават.
Во англиската Премиер лига завршија на очајното 15-то место на табелата, во домашните купови испаднаа во раната фаза, а последниот удар им го зададе ривалот од Англија – Тотенхем Хотспур кој ги победи во финалето на Европската лига.
Сето ова значи дека Манчестер Јунајтед уште една сезона заврши без трофеи во витрините и уште еднаш ги разочара своите навивачи кои сè повеќе го губат трпението со своите миленици.
Како што пренесува шпанскиот лист „Fichajes“, Манчестер Јунајтед е заинтересиран за услугите на Луис Суарез.
Не, не станува збор за легендарниот Уругваец, овој Луис Суарез е роден во Колумбија и моментално игра за тимот Алмерија кој се натпреварува во Ла Лига 2, вториот ранг на шпанскиот фудбал.
Во изминатата сезона Суарез блескаше во ова натпреварување и постигна 27 голови што го стави на првото место на листата на стрелци.
Фото: Принтскрин