Луис Суарез удри по претседателот на Барселона, Жозеп Бартомеу: Ако има нешто да ми каже, нека ми каже во лице…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Напаѓачот на Барселона, Луис Суарез истакна дека не е задоволен со послендите јавни изјави на првиот човек на клубот, Жозеп Мариа Бартомеу.

Бартомеу зборуваше за иднината на некои играчи,а меѓу оние кои ги наброи дека сигурно ќе останат во клубот не беше и Луис Суарез.

Уругваецот се реши преку медиумите да реагира на ваквиот начин на комуникација на Бартомеу.

„Се зборуваше за некои играчи кои ги споман претседателот, за некои промени кои мора да бидат направени, но никој не ми кажал што планираат со мене.

Ако тоа е желба на клубот, би било добро личноста која зборува во јавност тоа да ми го каже директно мене. Во Барса сум шест гоини, доволно време да ми се каже што мислат за мене. Подобро е да ми кажат дека јас сум еден од тие кои сакаат да си заминат од клубот“- изјави лутиот Суарез.