Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Јовиќ во моментов е надвор од тренинг поради повреда на ногата, но наместо да се одмара, на Инстаграм објави фотографија на која прави скара со пријателите.
Српскиот фудбалер Лука Јовиќ повторно е во центарот на вниманието на шпанските медиуми, кои најавуваат дека тој би можел да биде казнет за правење скара со пријателите.
Според АС, можно е Реал да го казни заради строгите правила за исхрана, додека Мундо Депортиво оди чекор понатаму и истакнува дека Јовиќ „ја прекршил препораката на Ла Лига“ фудбалерите да не доаѓаат во контакт со луѓе надвор од семејството.
Треба да потсетиме дека на почетокот на пандемијата на корона вирусот во Србија, Јовиќ заработи пријава за кршење на задолжителниот карантин.