Лука Јовиќ се сели во Премиер лигата, клуб кој е на дното на табелата запна за српскиот фудбалер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лука Јовиќ не се снаоѓа најдобро во реодвите на Реал Мадрид по неговиот скап трансфер од Ајнтрахт Франкфурт во летниот преоден рок.

Голема е веројатноста, „кралскиот клуб“ да го пушти српскиот интернационалец на позајмица во јануари со цел тој да собере поголема минутажа и уште поголемо искуство во првокласниот фудбал.

Како што пренесуваат некои шпански медиуми, од таборот на Вест Хем изразиле голема подготвеност да го видат Лука Јовиќ во своите редови.

Напаѓачот би пристигнал во Лондон како позајмен фудбалер и со сигурност би помогнал на клубот кој оваа сезона се мачи да го најде патот до мрежата и покрај тоа што ангажираше неколку скапи фудбалери минатото лето.