Лука Јовиќ заминува од Реал Мадрид: „Кралевите“ го испраќаат на позајмица во Италија!?


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Српскиот напаѓач Лука Јовиќ летово го напушти Ајнтрахт Франкфурт и реши кариерата да ја продолжи во Реал Мадрид.

По одличната сезона во германскиот клуб, „кралевите“ решија да го купат Јовиќ за 60 милиони евра, но сега е јасно дека Србинот ќе биде втор избор на „Сантијаго Бернабеу“.

Јовиќ уште не се прилагоди во Мадрид, а шпанските медиуми пишуваат дека на тренинг бил повлечен и немал многу контакт со соиграчите, па поради тоа ќе замине на позајмица.

Србинот, наводно, ќе се пресели во Милан на позајмица, а веќе преговори имал Звонимир Бобан со управата на „кралевите“.

„Росонерите“ се надеваат дека ќе го ангажираат Јовиќ на едногодишна позајмица и сега чекаат одговор од „Сантијаго Бернабеу“.