Лука Модриќ си замина: Избран е наследникот на неговиот број 10 во Реал Мадрид


ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Беше таму повеќе од деценија. Освои сè што можеше да се освои со Реал Мадрид и е човекот кој ја прекина ерата на Меси и Роналдо во освојувањето на Златните топки. Лука Модриќ ова лето го напушти Реал Мадрид и се пресели во AC Милан, а сега е одлучено кој ќе го наследи неговиот број 10 на стадионот Сантиаго Бернабеу.

Откако се проширија гласините дека Арда Гулер и Килиан Мбапе се борат за носење на бројот 10, вториот се пофали со тоа.

Конкретно, француската ѕвезда објави кратка порака на социјалните мрежи во која најави дека е новиот сопственик на бројот 10.

Така, Мбапе, по само една сезона, се откажа од бројот 9 и ќе го наследи Лука Модриќ.

Фото: Принтскрин