Лука Трпевски ја одведе Црвена звезда до Салцбург

Стадионот Рајко Митиќ во Белград
Фото: Mister No / Wikimedia Commons (CC BY 3.0)

Младиот македонски фудбалер Лука Трпевски беше херој на Црвена звезда во Лигата на младите на УЕФА. 16-годишниот напаѓач го постигна единствениот гол во победата од 1-0 над словенечкиот Браво во реваншот од второто коло, со што белградскиот тим се пласираше во третото коло.

Трпевски се запиша во листата на стрелците во 15та минута, а Црвена звезда ја задржа предноста до крајот. Белграѓани и првиот натпревар го добија со 1-0, па во следната фаза се пласираа со вкупен резултат 2-0, пишува Спорт Клуб.

„Ова беше тежок, но добар натпревар против екипата од Словенија. За неколку недели нè очекува дуел со Салцбург, а ние веќе сега почнуваме да се подготвуваме за тој натпревар“, изјави Трпевски за официјалната страница на Црвена звезда.

Роден во Скопје

Трпевски е роден во Скопје на 22 јануари 2010 година и има македонско и шведско државјанство. Пред да замине во Белград, тренираше во младинските школи на Вардар и Ѓорче Петров.

Младинскиот тим на Црвена звезда го води тренерот Ѓорѓе Ракиќ, а Трпевски е еден од најмладите играчи во составот.

Салцбург во третото коло

Во третото коло Црвена звезда ќе игра против Салцбург. Првиот натпревар ќе се одигра на 25 ноември во Австрија, а реваншот на 9 декември во Белград.

Црвена звезда победи со 1-0 и на првиот натпревар против Браво во Словенија, кога стрелец беше Ксјанг Ванг. Со двете победи без примен гол, белградскиот тим заслужено се пласираше во следната фаза.

Салцбург е еден од најуспешните клубови во историјата на Лигата на младите на УЕФА, која ја освои во 2017 година.