Лукас Пакета си замина од Милан и се пресели во Лига 1


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер од средниот ред на Милан, Лукас Пакета си замина од клубот и направи трансфер во клуб од француската Лига 1.

Пакета стави потпис на договор со тимот на Лион со кој потпиша петгодишен договор кој му истекува во 2025 година.

Милан го продаде Пакета на Лион за сума од 20 милиони евра, двојно помалку од парите што ги издвои за него кога го купи од Фламенго во 2019 година. Тогаш Милан на бразилскиот клуб му даде 40 милиони евра за играчот од средниот ред.