Лунин заминува од Реал Мадрид и потпишува за премиерлигаш


Фудбалски викенд за уживање ↓↓↓


Украинскиот голман Андриј Лунин нема загарантирано место на прв чувар на мрежата на Реал Мадрид и поради тоа сака да замине во Англија.

Лунин минатата сезона воодушеви со настапите за „кралскиот клуб“, но во следната сезона треба да биде втор голман зад Тибо Куртоа.

Украинецот не сака да седи на клупата, па поради тоа би можел идното лето да го засили премиерлигашот Челси, а во спротивен правец да замине Кепа Аризбалага.

Лунин добил понуди и од Манчестер сити, Ливерпул и Арсенал, но најупорен во преговорите бил Челси.