„Лут сум му на Новак“: Руне зборуваше за сликата што ја испратил до Ѓоковиќ


Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Обожавателите на тенисот се надеваа дека во Копенхаген ќе гледаат дуел меѓу Новак Ѓоковиќ и Холгер Руне, но до тоа нема да дојде. Најдобриот тенисер на сите времиња мораше да се повлече поради повреда и не е во можност да им помогне на сонародниците во Дејвис купот.

Се надеваше и најдобриот дански тенисер дека ќе види еден од своите идоли во својот роден град. Затоа му испрати порака уште пред неколку недели од салата во Копенхаген, ја сликаше “Ројал арената” и му напиша дека го чека таму.

Многу сум лут на Новак. Се шегувам секако. Се мачеше со повредата. Можевме да видиме дека му беше тешко затоа не можеше да дојде“, кажа Руне.