Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Легендарниот холандски тренер Луј ван Гал (73) објави нови детали за својата борба со ракот на простатата и напредокот што го постигнал во закрепнувањето. Во интервју за телевизиската емисија Humberto, ван Гал потврди дека повеќе нема симптоми од болеста и дека повторно се чувствува силно и здраво.
„Пред две години бев неколку пати на операција и состојбата беше лоша, физички бев многу слаб, но сè добро заврши. Повеќе немам проблеми со ракот, но и натаму одам на прегледи секои три месеци”, рече ван Гал. “Тогаш ми ги мерат ПСА вредностите и тие се 0.0. Тоа е добар знак, а и не се шири повеќе. Јас сум во сè подобра форма. Имам 73 години, а дали изгледам лошо?”
Поранешниот селектор на холандската репрезентација призна дека му било најтешко да се појавува во јавност додека минувал низ најтешката фаза на болеста. „Не чувствував голема болка. Многу ми беше тешко што морав да носам пелени. Имав многу јавни настапи и затоа секогаш носев многу темни панталони за да не се гледа ништо. Тоа не е пријатно, особено затоа што сè уште сум јавна личност. Кога ќе ти се случи тоа, не ти е лесно.”
Фото: Принтскрин