Мајкл Џордан отвори четврта бесплатна клиника за здравје


Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Мајкл Џордан ја отвори својата четврта бесплатна здравствена клиника во сојузната држава Северна Каролина, со која сака да ја продолжи мисијата на подобрување на пристапот до здравствена грижа за маргинализираните заедници. Четвртата клиника ја отвори во Вилмингтон, градот каде што пораснал.

Клиниката се простира на 680 квадратни метри, има 12 ординации и нуди основна лекарска грижа во работни денови, со поддршка од здравствени работници на терен кои им помагаат на пациентите во поврзување со клучните локални услуги.

„Ме исполнува кога гледам дека првата клиника во Вилмингтон за помалку од една година имала значително влијание врз здравјето и благосостојбата на поединците и семејствата во мојот роден град“, додаде тој.