Маестрален гол од 30 метри на Спировски на деби-мечот за АЕК Ларнака (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Стефан Спировски пристигна во АЕК Ларнака пред еден месец, каде што им се приклучи на Мојсов и Тричковски, а на неговиот прв меч постигна спектакуларен погодок.

АЕК Ларнака славеше со 2-0 против Докса во пријателски меч, а Спировски со „бомба“ го матираше македонскиот голман Дамјан Шишковски.

Македонецот го постигна својот гол пред крајот на првото полувреме, па без сомнеж покажа дека ќе биде квалитетно засилување за тимот од Кипар.

Спировски претходно настапуваше во Пелистер, Борац Чачак, Работнички, Берое, Вардар, Ференцварош, а пред да дојде во АЕК Ларнака го носеше дресот на Хапоел Тел Авив.