Магична ноќ на Роналдо: Хет-трик за голема победа на Манчестер јунајтед!


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Манчестер јунајтед славеше со 3-2 против Тотенхем во 29. коло од англиската Премиерлига, а магична ноќ имаше Кристијано Роналдо, кој постигна хет-трик.

Јунајтед влезе одлично во мечот, и тоа со гол на Роналдо во 12. минута, но потоа Хари Кејн ја врати неизвесноста и израмни на 1-1.

Роналдо погоди и по вторпат за „ѓаволите“ и водство од 2-1, но неговиот гол го „поништи“ Хари Мегваер со автогол (2-2).

Меѓутоа, Португалецот постигна хет-трик во 81. минута (3-2) и така стана најдобриот стрелец во историјата на фудбалот.