Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал Мадрид во првиот меч од четвртфиналето во Лигата на шампиони (ЛШ) во Лондон славеше против актуелниот шампион Челси со 3-1, а сите три гола ги даде неверојатниот Карим Бензема.
Челси влезе офанзивно во мечот, по што Реал почна да доминира и во 21. и 24. минута постигна два гола преку Бензема за предност од 2-0.
Надежта на „сините“ ја врати германскиот репрезентативец Кари Хаверц во 40. минута, кога со глава го матираше Тибо Куртоа.
Едуард Менди во второто полувреме му подари гол на Бензема за хет-трик, а Челси почна да притиска во завршницата, но не ги искористи шансите и загуби со 1-3.