Магија на Дончиќ – противникот не знаеше каде е топката! 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лука Дончиќ постигна 32 поени во поразот на Далас маверикс против Феникс санс (102-106), па докажа дека и сезонава ќе биде еден од најдобрите кошаркари во НБА-лигата.

Дончиќ имаше неколку фантастични потези со кои ја воодушеви јавноста и неговите фанови, а една од неговите „жртви“ беше ДеАндре Ејтон.

Дончиќ тргна кон него, а ривалот беше убеден дека ќе го запре, но секунда подоцна не знаеше каде е топката.