Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот репрезентативец Горан Пандев имаше одличен натпревар во ремито против Наполи (1-1) во Неапол, во кое стигна до една асистенција.
Наполи стигна до водство во 34. минута преку Дрис Мертенс, но во финишот од првото полувреме Пандев имаше неверојатна асистенција за Лазовиќ, кој ја погоди мрежата на домаќините за 1-1.
Во второто полувреме доминираше екипата на Наполи, но не успеа да ја затресе мрежата на екипата на Пандев, па резултатот остана 1-1.
Наполи останува на втората позиција на табелата во италијанската Серија А, па речиси сигурно таму ќе заврши, додека Џенова во моментов е на 14. позиција и ќе се борат за подобар пласман во италијанскиот шампионат.