Магионичарот Ибрахимовиќ гази во Италија!


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Милан запиша тешка победа на гостувањето кај Удинезе, а херој за „росонерите“ повторно беше Златан Ибрахимовиќ.

Натпреварот започна добро за Милан кој поведе во 19-та минута со голот на Кеси после асистенцијата на Ибрахимовиќ. До крајот на полувремето „росонерите“ доминираа, но не успеаа да постигнат втор гол.

На стартот на вториот дел судијата покажа на белата точка, откако Ромањоли го фаулираше Песото, а сигурен реализатор беше Де Паул.

Милан до крајот тргна во целосна иницијатива, а Ибра во 83-та со феноменален потег постигна гол со „ножички“ за победа од 2:1 и задржување на врвот на табелата.