Магваер се посрамоти за сите пари, па даде „оправдување“ за промашувањето против Милан 🎥


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Хари Мегваер, дефанзивецот на Манчестер јунајтед, имаше огромно промашување на натпреварот против Милан (1-1) и поради него екипата не успеа да слави во првиот дуел од осминафиналето во Лига Европа.

Мегваер се најде на мета на критичарите, а и самиот беше свесен за тоа каква грешка направи.

„Требаше да постигнам гол, не можам да барам изговори за таа ситуација, едноставно мораше да погодам. Ете затоа не сум напаѓач“, изјави капитенот на Манчестер Јунајтед.