Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Откако Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена објавија дека се позитивни на коронавирусот, светската јавност е загрижена и почна да го напаѓа Србинот.
Мајката на најдобриот тенисер во светот, Дијана Ѓоковиќ за српските медиуми кажа дека тие се чувствуваат добро, иако се позитивни на тестот.
„Сите сме добри. Тоа што е позитивен Новак, не значи дека е болен. Тој е млад и здрав човек. Притоа, мислам дека овој вирус е при крај, затоа се чувствуваат сите добро. Ние се тестиравме и не бевме позитивни. Страшно е тоа што го пишуваат и тоа што му го прават на Ноле. Како едвај да чекаа“, кажа мајката на Србинот.