Мајката на Мбапе направи споредба меѓу ПСЖ и Реал Мадрид


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Францускиот голгетер Килијан Мбапе пристигна во Реал Мадрид каде што беше промовиран пред 85.000 навивачи, а покрај него беа и родителите.

Мајката на Мбапе, Фајза Ламари за „Ле Паризиен“ направи споредба меѓу поранешниот и новиот клуб на нејзиниот син.

„Реал Мадрид е најголемиот клуб во светот. Во вторникот ја почувствував разликата. На Паркот на принцовите е неверојатно, но во Реал ја чувствувате тежината на институцијата“, кажа Ламари.