Мајката на Мбапе откри какви понудил добил син ѝ


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Сагата за трансферот на Килијан Мбапе сè уште трае, а постојано пристигнуваат нови информации за тоа каде ќе игра следната сезона младиот француски фудбалер.

Голема улога во преговорите има неговото семејство, односно мајка му која денеска зборуваше за понудите кои ги добиле.

„Понудите од ПСЖ и Реал Мадрид се речиси исти. Во Реал мојот син би имал целосна контрола над правото на името и ликот, но ПСЖ нуди парична компензација за тоа. Понудите не се разликуваат премногу, тие се речиси исти. Сега ја чекаме неговата конечна одлука“, вели мајка му.

„Л’Екип“ објави дека Мбапе ќе ја соопшти одлуката во недела по што ќе биде јасно каде ќе игра следната сезона.