Мајстор: Бензема танцуваше пред голот на Леванте, па му асистираше на Винисиус (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот фудбалер Карим Бензема е најголем фаворит за освојување на „Златната топка“, а тоа го покажа со неговите голови и асистенции во дресот на Реал Мадрид.

Бензема учествуваше во победата од 6-0 против Леванте во Ла Лига, а притоа имаше неверојатен потег кој ќе се памети уште долго.

Французинот доби одлична топка во казнениот простор по што излезе сам пред голманот, а потоа почна да „танцува“ и му асистираше на Винисиус Жуниор, кој без проблеми постигна гол.