Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Милан во дербито од третото коло во Серија А на домашен терен го победи Лацио со 2-0, па така има три победи по три натпревар.
Многумина очекуваа возбудлив меч на „Сан Сиро“, но Милан полесно од очекуваното успеа да ги освои трите бодови
На теренот конечно се врати и Златан Ибрахимовиќ, кој поради повреда паузираше повеќе од три месеци.
Ибрахимовиќ влезе во игра во 60. минута од натпреварот и само седум минути подоцна успеа да постигне гол за 2-0.
Сепак, многумина забележаа интересен детал при постигнувањето на голот. Во еден момент Швеѓанецот ги местеше копачките, а во следниот забележа што се случува и се најде во позиција да даде гол.