Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Вчера беше постигнат гол каков што не се гледа секој ден, а сигурно ќе го памети долго и неговиот стрелец. „Ремек-делото“ пристигнува од меч од австриска лига, а најубавиот момент се случил во 39. минута од средбата.
Стивен Хјуит од слободен удар од 40 метри го погоди голот на противникот, а ретко кој помисли дека фудбалерот може да направи такво нешто, па во живиот ѕид беше поставен само еден фудбалер.
Противниците очекуваа некакво проигрување, но Хјуит реши да ги изненади и успеа во неговата намера. Освен што ударот беше силен, топката имаше таква траекторија, што целосно го збуни голманот.