Мајсторија на Меси од слободен удар за триумф на Аргентина (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Аргентина славеше со 1-0 против Еквадор на стартот на квалификациите за Светското првенство (СП), а единствениот гол го постигна Лионел Меси од слободен удар.

„Гаучосите“ имаа контрола врз натпреварот и се обидуваа да стигнат до погодок, меѓутоа без добри шанси такво нешто не беше возможно.

Еквадор добро му парираше на ривалот и ги одбиваше неговите напади, но потоа следеше мајсторија на Меси од 20 метри.

Синоќа се одиграа уште два натпревари. Колумбија беше подобра од Венецуела со 1-0, додека Парагвај и Перу одиграа нерешено (0-0).