Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски продолжи со одличните настапи на турнирот во Ираклион, Грција и денеска го совлада Јакуб Никод од Чешка со 2-0 во сетови, односно 6-4 и 6-4.
Ивановски е трет носител на турнирот во Грција и без проблеми елиминира уште еден противник на патот кон титулата.
Македонскиот тенисер утре ќе игра против подобриот од мечот меѓу Герери од Италија и Сакеларидис од Грција, па ќе има голема шанса да избори финале.