Македонецот и официјално седна на клупата на светскиот шампион: Андоновски ја презема женската фудбалска селекција на САД


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонскиот тренер, Влатко Андоновски денеска и официјално беше претставен како нов предводник на светскиот фудбалски женски шампион, селекцијата на САД.

Американките важат за најдобри во женскиот фудбал, а фудбалерките кои пред помалку од една година го освоија светот притискале нашиот стратег да биде нивен следен селектор.

Андоновски веднаш ќе почне со работа и првиот натпревар ќе го има веќе на 7 ноември кога САД ќе се соочи со Шведска, за три дена подоцна да одигра и со Коста Рика.

Првиот посериозен предизвик ќе го има во квалификацискиот турнир на Конкакаф за Олимписките игри и истиот ќе биде од јануари до февруари следната година.

„Ова е голема чест и сум многу возбуден што ќе почнам да работам со оваа група играчи и стручен штаб и се надевам дека ќе го продолжиме успехот. Сите тренери и играчи кои поминале тука изградија легендарна традиција на совршеност и јас сум посветен да го продолжам тоа“ –истакна Влатко Андоновски на промоцијата.