„Македонецот“ Ти Џеј Шортс пред вратите на грчки Панатинаикос


Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Ти Џеј Шортс, одличниот плејмејкер на Париз, е блиску до договор со Панатинаикос, сѐ уште актуелен шампион на Евролигата.

Според информации од повеќе извори, репрезентативецот на Македонија треба во наредниве неколку денови да заврши сѐ околу трансферот во Атина.

Шортс имаше неверојатна сезона и го водеше Париз до четвртфиналето на Евролигата, каде беа поразени од Фенербахче.

Во просек постигнуваше по 19 поени, 7,3 асистенции, 2,6 скока и една украдена топка со индекс на корисност од 22,8.

Панатинаикос по испаѓањето во полуфиналето на Фајнал фор е во преговори со уште неколку играчи.

Фото: Принтскрин