„Македонецот“ Вајли се раздели со Гран Канарија и потпиша за Будуќност


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Џејкоб Вајли вчера се раздели со екипата на Гран Канарија, но американскиот кошаркар со македонски пасош не чекаше долго пред да си најде нов ангажман.

Будуќност веднаш го ангажираше Вајли, кој претходната сезона ја почна во Гран Канарија, но во февруари беше испратен во Сарагоса како слободен играч.

Американецот ќе стане трето засилување за екипата од Подгорица во овој преоден рок, зашто во дресот на Будуќност неодамна пристигнаа Јагодиќ Куриџа и Един Атиќ, додека тренерската позиција ја презема Александар Џикиќ.