Македонецот Волкановски го предупреди Мекгрегор: Немој да си го допрел мојот пријател! (Фото)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Австралискиот борец со македонско потекло, Александар Волкановски реагираше по контроверзните коментари на Конор Мекгрегор, кој му се закани на малиот и популарен Хазбула Магомедов.

Мекгрегор напиша дека би го шутнал Хазбула преку гол, но и на волеј, а имаше и уште неколку навреди, по што реагираше Волкановски.

„Прво ќе мора да преминеш преку мене. Остави го мојот пријател на мир“, кажа Волкановски по коментарите на Мекгрегор.

Волкановски има 25 победи и само еден пораз во кариерата, па индиректно му „понуди“ борба на контроверзниот Мекгрегор кој е на одмор во моментов.