Македонија ја декласира Литванија и избори пласман на ЕП 2026

Фото: Ракометна федерација на Македонија

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Македонската ракометна репрезентација запиша голема победа во клучниот натпревар од квалификациите и обезбеди пласман на Европското првенство во 2026 година. Нашите ракометари славеа над селекцијата на Литванија со убедливи 26-17, во натпревар кој целосно го одиграа со срце и дисциплина.

Иако натпреварот започна поинаку од посакуваното и Литванците поведоа со 6-3, македонските ракометари брзо се консолидираа и наметнаа сопствен ритам. До крајот на првото полувреме направија целосен пресврт и заминаа на одмор со водство од 13-11.

Во вторите 30 минути, Македонија беше апсолутен господар на теренот. Одбраната функционираше беспрекорно, голманот блескаше, а во нападот следуваше серија прецизни завршници. Резултатот на семафорот постојано се зголемуваше во корист на нашата селекција, а Литванија немаше одговор на македонската офанзива.

Фото: Ракометна федерација на Македонија