Македонија ќе се бори со Грција и Шведска за пласман на ЕП 2028


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Македонската ракометна репрезентација ги дозна своите противници во квалификациите за пласман на Европското првенство 2028, по денешната ждрепка што се одржа во Лисабон.

Нашите ракометари ќе играат во групата 8, каде за место на континенталниот собир ќе се натпреваруваат против селекциите на Луксембург, Грција и Шведска.

Европското првенство во 2028 година ќе се одржи во Шпанија, Португалија и Швајцарија.