Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓
Македонската фудбалска репрезентација доби информации за тоа што ѝ е неопходно за освојување на второто место во групата од квалификациите за Светското првенство (СП) 2026.
Иако Лихтенштајн денеска му создаде проблеми на Велс, нашиот следен противник сепак извојува тесна победа од 1-0. Со тоа, не успеа да ја намали гол-разликата која ја има зад Македонија.
Така, последното коло ќе започне со Велс и Македонија изедначени во бодови. Нашата селекција, пак, има подобра гол-разлика, што во случај на нерешен резултат во Кардиф, ќе го обезбеди второто место.
















