Македонија со големи три бодови се враќа од Лихтенштајн


Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Македонската фудбалска репрезентација успешно го започна настапот во квалификациите за Светското првенство 2026, славејќи убедлива победа од 3-0 на гостински терен против селекцијата на Лихтенштајн во Вадуц.

Тимот предводен од селекторот Благоја Милевски ја покажа својата надмоќ уште од самиот старт на натпреварот. Веќе во 7. минута, Бојан Миовски со брз продор низ одбраната на домашните влезе во шеснаесетникот и испрати прецизен центаршут. Александар Трајковски беше на вистинското место и со удар со глава ја смести топката во мрежата, носејќи рано водство за Македонија.

Во продолжение од првото полувреме, македонската селекција продолжи со офанзивната игра. Вториот погодок го постигна Висар Муслиу, кој по една мешаница во казнениот простор на Лихтенштајн, одлично се снајде и со волеј удар го матираше голманот на домаќините, зголемувајќи ја предноста на 2-0.

Конечниот резултат го постави Бојан Миовски во 84. минута, кога после прецизен центаршут од Бојан Илиевски, непречен од одбраната на противникот, мирно ја затресе мрежата и го потврди триумфот.