Македонија соочена со тежок предизвик – ни гостува Велс во Скопје!


Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


По натпреварот во Вадуц со Лихтенштајн, македонската фудбалска репрезентација денеска го пречекува Велс на домашен терен за второто коло од квалификациите за Светското првенство.

Тимот на Велс има квалитетни играчи кои настапуваат во Премиер лигата и Чемпионшип.

Селекторот Белами има проблеми со повреди, и нема да може да смета на капитенот Арон Рамзи, како и на Итан Ампаду и Хари Вилсон. Под знак прашалник е и учеството на Брена Џонсон од Тотенхем.

Иако натпреварот нема да биде лесен, македонските играчи ќе се обидат да приредат изненадување.

Во првото коло двете репрезентации запишаа победи, Македонија ги совлада Лихтенштајн со 3-0, додека Велс беше подобар од Казахстан со 2-1.