Македонија би можела да одигра осум натпревари во само еден месец!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Светската фудбалска федерација (ФИФА) има нов план за играње на претходно откажаните натпревари на репрезентациите поради коорнавирусот, па чудно е тоа што сите би можеле да се одиграат во само еден месец, а тоа се дури осум меча.

„Дејли Мејл“ објави дека ФИФА мора да го прилагоди календарот, а така се отвора можност да се одиграат осум натпревари во еден месец. Идејата е да се одиграат шест меча во Лигата на нации и две пријателски средби.

Тоа значи дека Македонија најверојатно би играла околу осум натпревари за 30 дена, односно прво би се пресметала со Косово, па ако победи со подобриот од мечот меѓу Грузија и Белорусија, по што следат и шест натпревари во Лигата на нации.