Македонија дел од теквондо елитата на Европското првенство во Италија


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Таеквондо ИТФ Македонија  под водство на претседателот Марјанчо Лазаревски црн појас V дан , поранешен светски вицешампион  , од  01 до 08  април 2019 ќе учествува на Европското Таеквондо ИТФ  првенство во Римини –Италија

Боите на нашата држава ќе ги бранат:

Давид Крстески црвен појас ,  кој ќе се натпреварува  во две дисциплини , во форми за црвен појас, и борби -40  кг деца  11-14 год.

Филип Јосифоски, црн појас II дан , кој ќе се натпреварува во три дисциплини , форми црн појас дан  сениори,борби -64 кг сениори, и специјални техники сениори.

„Подготовките  течеа последните два месеци секојдневно , го дадовме сиот наш максимум и се надеваме на солидни резултати,иако Давид Крстески на две недели пред Европското го имаше фатено грип, се надеваме дека ќе го даде максимумот и ќе не израдува со добар резултат, ова е прв натпревар за него од ваков калибар, и е најголемиот тренинг за него , бидејќи ја има таа привилегија на 11 години да почне по вакви престижни првенства.  Знаеме дека конкуренцијата е огромна, само да напоменеме дека едни од најсилните репрезентации во светот како што се Русија ,Украина,Бугарија се  учесници, со  што освоен медал на Европско првенство ветува и медал од светско. Најповеќе се надеваме на Филип во борби и специјални техники,кој досега на многу меѓународни натпревари се покажа одлично , па се надеваме дека ќе го даде максимумот  и ќе не израдува со добар пласман“- вели Марјанчо Лазаревски предводникот на нашата репрезентација.

Лазаревски исто така потенцираше дека следниот  викенд  07.04 2019 во Скопје помладите  натпреварувачи ќе учествуваат на Меѓународен ВТ турнир , на кој ќе настапат неколку дебитанти , кои за првпат ќе  го почувствуваат натпреварувачкиот  дух.