Македонија доби добри вести од Хрватска за повредата на Адеми


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми се повреди во поразот на Динамо Загреб од 0-2 против Тотенхем, но денеска пристигнаа добри вести за нашиот фудбалер.

Деталите кои пристигнаа за повредата по денешните прегледи покажуваат дека Адеми нема посериозна повреда и ќе може да настапи за Македонија во квалификациите за Светското првенство.

Адеми заработил само посилен удар во коленото, кој нема да остави никакви последици за Македонецот и тој наскоро ќе се врати на теренот.

Се очекува Адеми да биде во конкуренција за натпреварите од квалификациите за Мундијалот, кои почнуваат на крајот на месецов.